Аргентинската репрезентација ноќеска го одигра првиот меч како актуелен светски првак и со 2:0 славеше над Панама. Дуелот на легендарниот стадион „Монументал“ во Буенос Аирес беше еден вид хепенинг на кој сите ја славеа титулата од Мундијалот во Катар, а беше зачинета со јубилејниот 800-ти погодок на Лионел Меси во кариерата.
По завршување на мечот, се случи една по малку неверојатна ситуација, кога двајца репрезентативци на Панама буквално се скараа за тоа кој да го добие дресот на Енцо Фернандес. Додека двајцата фудбалери се караа, Фернандес, кој направи трансфер вреден 120 милиони евра во Челзи, само мирно ги гледаше.
Están haciendo piedra papel o tijera por la camiseta de Enzo Fernández jajskajakajjsjsj pic.twitter.com/A0SC0FxhdH
— cul facile français (@cabjedits) March 24, 2023
Секако, репрезентативците на Панама имаа уникатна можност на теренот да се фотографираат и да добијат автограм од капитенот на Аргентина.
https://twitter.com/i/status/1639081547130351616

