Фудбалерите на Јунајтед играат против Ливерпул, но и против сами себе (видео)

Манчестер јунајтед на полувремето замина со минимална предност од 1-0 против Ливерпул во големото дерби, а резултатот можеше да биде различен на повеќе начини.

Прво Еланга промаши голем зицер, а Санчо набрзо потоа мајсторски погоди за водство на Црвените ѓаволи. Трагикомичен момент се случи во финишот од првиот дел, кога Бруно Фернандеш во обид да одбрани корнер на Црвените, за малку ќе ја забиеше топката во својата мрежа. За среќа на домаќините, Лисандро Мартинес се најде на вистинското место, спаси чист погодок така што стоеше на гол-линијата, а топката го погоди во пределот на градниот кош.

- Оглас -

Најнови вести