Фудбалерите наместо во Скопје, најверојатно ќе слетаат во Приштина

Македонската фудбалска експедиција која оствари историски успех во Тбилиси, дома треба да се врати во раните утрински часови. Поради маглата на скопскиот аеродром, најверојатно авионот нема да слета во Скопје, туку на некој од околните аеродроми, а најблизок е оној во Приштина.

За жал, поради маглата и забраната за групни собирања на јавни места, нема да има голем пречек на аеродром како што заслужуваат, но има и други начини за прослава на пласманот на Европско првенство во фудбал. За сите најнови информации околу враќањето на националниот тим, ќе ве известуваме навреме.

- Оглас -

Најнови вести