Фудбалерите со години може да живеат и без плата, жал ми е за луѓето коишто работат по цел ден

Еден од најдобрите аргентински фудбалери во последниве 20-тина години, Карлос Тевес, имаше свое видување за тоа што се случува во целиот свет, а е поврзано со пандемијата од Коронавирусот.

„Ова е вистинска катастрофа. Фудбалерите со години може да живеат и без плата, жал ми е за луѓето кои стануваат во шест наутро, цел ден работат и се враќаат во девет навечер во своите домови.  Ние фудбалерите може да направиме некои работи“, вели Тевес.

Популарниот Карлитос во минатото често бил дел од хуманитарни акции и сигурно и овојпат ќе се вклучи во помош на тие на коишто им е најпотребна во моментов.

Тевес во кариерата играше за Коринтијанс, Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, Шангај Шенсуа, а сега по третпат во кариерата ги брани боите на неговиот матичен клуб Бока јуниорс.

- Оглас -

Најнови вести