Фудбалерите тргнаа за Англија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од скопскиот аеродром полета за Манчестер, каде в понеделник има дуел со Англија од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Нашите најдобри фудбалери ќе имаат тешка задача против Англија, но во минатото сме знаеле да ги изненадиме, па не треба однапред да бидеме отпишани.

Иако мечот е в понеделник, репрезентацијата уште денеска замина за Англија и ќе има доволно време за аклиматизација и подготовка за натпреварот на кој Македонија ќе се обиде да ја запре победничката серија на силниот противник.

Чартер летот беше закажан за 16 часот, но авионот ќе полета со задоцнување.

- Оглас -

Најнови вести