Фудбалерите застанаа во линија со народот: Чиле одби да игра додека траат протестите

Репрезентацијата на Чиле требаше да одигра два пријателски меча, најпрво против Боливија дома, а потоа и на гости кај Перу. Сепак, ниту една од овие средби нема да се игра бидејќи фудбалерите на Чиле одбија да настапат во националниот дрес.

Причина за одложување на средбите се големите протести кои  во Чиле траат повеќе од 20 дена. Народот се побуни поради зголемувањето на билетите за јавниот превоз, а потоа ситуацијата ескалираше. Вистинска војна се води низ улиците помеѓу демонстрантите од една страна и војската и полицијата од друга страна.

Најискусните фудбалери во селекцијата на Чиле, Видал, Браво и Медел објавија дека по направениот состанок, било одлучено играчите да не настапат.

Во жестоките протести досега има загинато повеќе од 20 луѓе, а речиси еден месец фудбалското првенство на Чиле е во прекин.

- Оглас -

Најнови вести