Фудбалерка на Манчестер јунајтед ја одведе Холандија во финалето на Мундијалот

Актуелните европски првенки, фудбалерките на Холандија, ќе имаат шанса да се борат и за светската титула. Лалињата се пласираа во финалето на Светското првенство откако го голема борба ја победија Шведска со 1:0. Во финалето, Холандија ќе игра против САД.

По 90 минути игра, немаше погодоци на дуелот Холандија – Шведска, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Во продолженијата, Холандија успеа да го скрши отпорот на противникот.

Џеки Грунен со шут од околу 20 метри биеше прецизно за голема радост на Лалињата во 99-тата минута. Фудбалерката која во изминативе четири години беше дел од Франкфурт, летово потпиша за Манчестер јунајтед, а во 53-тиот меч со националниот дрес го даде четвртиот погодок.

 

- Оглас -

Најнови вести