20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Фудбалерот кој го испровоцира Дарвин да го патосира со удар со глава добил стотици смртни закани

Јоаким Андерсен од Кристал палас добил многу смртни закани на социјалните мрежи по двобојот од англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Палас, игран доцна синоќа и заврши 1-1.

Дефанзивецот на лондонскиот тим беше удрен со глава од Дарвин Нуњес, по што Уругваецот од Ливерпул доби црвен картон.

„Минатата ноќ добив 300-400 пораки со закани. Ја разбирам вашата поддршка кон клубот, но покажете почит и престанете да го правите тоа. Се надевам дека „Инстаграм“ и Премиер лигата ќе си ја завршат работата“, порача Данецот.

Нуњес за нокаутот доби суспензија од три натпревари.

https://twitter.com/i/status/1559273568101404672

- Оглас -

Најнови вести