Фудбалерот кој Мурињо уште пред шест години сакаше да го купи, конечно ќе пристигне на „Олд трафорд“?

Жозе Мурињо кој од 2016 до 2018 година го предводеше Манчестер јунајтед, имаше една голема желба која управата не му ја исполни, но по шест години фудбалерот може, конечно да пристигне на „Олд трафорд“.

Имено, Мурињо бараше од челниците на Црвените ѓаволи да му го донесат фудбалерот кој настапува за Жирона, Мигел Гутиерез.

Гутиерез игра на левата бековска позиција и има огромен удел во одличните резултати на Жирона сезонава, а потекнува од академијата на Реал Мадрид.

Според англиските медиуми, актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, е импресиониран од игрите на Гутиерез и побарал од актуелната управа налето да потпише со играчот на Жирона. Оваа идеја им се допаѓа и на новите оперативци на Јунајтед кои ги донесе новиот косопственик на тимот, сер Џим Ретклиф.

Во трката за потписот со Гутиерез, Манчестер јунајтед ќе води борба со Реал Мадрид, кој има опција да го врати играчот на „Сантијаго Бернабеу“ и тоа за само осум милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести