Фудбалерот на Севилја кој има корона-вирус е Србин

Србинот Немања Гудељ е фудбалерот на Севилја чиј тест на корона-вирус беше позитивен. Иако од клубот прво не кажуваа за кого станува збор, сега веќе се знае дека е Гудељ и тој нема да игра на 6 август против Рома во осминафиналето на Лигата на Европа.

Гудељ самиот призна дека е заразен и објави видеопорака преку социјалните мрежи.

„Здраво на сите. Сакам да потврдам дека имам корона и да ви кажам дека се чувствувам добро, немам ниту еден симптом. Се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот и ќе му помогнам на тимот на вистински начин да ја заврши сезоната. Благодарам за поддршката, се гледам наскоро, ве гушкам сите“, порача Гудељ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести