Приказна што инспирира – Детството го мина во инвалидска количка, ги расплака сите со чудо и деби во ФА купот (Видео)

Животот на Деклан Томпсон е инспиративна приказна, една од најубавите во светот на спортот, а неговото деби за Шефилд вензди во саботата, во меч од ФА купот против Ексетер пробуди многу емоции и расплака многу луѓе.

Томпсон има 18 години и дел од детството го мина во инвалидска количка поради ретка болест што влијае на колковите. Не можеше да оди, а и прогнозата на лекарите беше дека можеби и воопшто нема да прооди во животот.

Но, наспроти таквите предвидувања, Деклан не се откажа од сонот да игра фудбал на професионално ниво и успеа да дебитира за својот клуб, за Шефилд вензди, во меч од ФА купот против Ексетер, игран во саботата.

Влезе во игра во последните моменти од мечот, што го доби тимот од Шефилд со 2:0, и го забележа дебито во професионалната кариера.

Реакцијата е позитивна, а емоциите ќе ви ги разбуди реакцијата на неговото семејство и радоста во моментот кога Деклен Томпсон влезе во игра во првата минута од судиското продолжение на „Сент Џејмс парк“ во Ексетер.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести