Фудбалот го победува корона-вирусот и во Шпанија – Барса и Реал имаа групни тренинзи (Фото)

По еднонеделни индивидуални тренинзи на екипите, во Шпанија од денеска е дозоволено групно тренирање во професионалниот фудбал. Двата најголеми клуба, Реал Мадрид и Барселона се пофалија дека успешно го одработија првиот утрински групен тренинг и немало никакви проблеми.

Во Шпанија фудбалот беше прекинат на 12 март, а се очекува да продолжи точно по три месеци, односно на 12 јуни. Сите натпревари ќе се играат без публика, по примерот на Бундеслигата, која започна изминатиов викенд.

„Имавме фудбалски викенд. Ги поздравувам клубовите од Бундеслигата за одиграните мечеви. И ние работиме по тој протокол. Многу сум горд и тоа е пример кој треба да го следиме. Тоа што го видовме во Германија е тоа што треба да биде и во Шпанија“, изјави претседателот на шпанската фудбалска федерација, Хавиер Тебес.

Шпанија е една од најпогодените земји во светот од корона-вирусот и досега починаа над 27.000 луѓе.

 

- Оглас -

Најнови вести