Фудбалот повторно се менува, се укинува едно правило

Светската фудбалска фдерација (ФИФА) продолжува со промена на дел од правилата во најпопуларната игра во светот. ФИФА реши дека е време да се укине едно од најбизарните правила.

Според сегашните правила, противникот не може да влезе во противничкиот шеснаесетник при внесувањето на топката во игра по гол-аут. Во иднина нема да биде баш така. Новото правило и понатаму ќе им забранува на противничките играчи да бидат во 16-никот пред голманот да ја допре топката. Штом голманот ја допре топката, противничките играчи ќе може да нападнат и да го пресечат додавањето.

Ова ново правило веќе се тестира на Светското клупско првенство. Колку за потсетување, на Светското клупско првенство пред две години се тестираше и воведување на видеотехнологијата.

Меѓу новите правила кои во март ќе бидат воведени е и тоа играчот кога ќе биде заменет, да не мора да излезе од игра од центарот на игралиштето туку да може да излезе од игра на најблискиот дел од аутот на теренот, со што би се намалило времето кое поминува во прекин на играта.

- Оглас -

Најнови вести