Фудбалот се враќа и во Бугарија и тоа со едно големо дерби

Бугарската фудбалска федерација и официјално го потврди распоредот за последните две кола од регуларниот дел во првенството. Според најавите, шампионатот ќе продолжи на 5 јуни, а уште на стартот ќе има едно големо дерби. Левски ќе му биде домаќин на шампионот Лудогорец, и тоа во вечерен термин. Истиот ден ќе играат и Локомотив Пловдив и Етер Велико Трново, додека ден подоцна ќе се играат и останатите мечеви од 25-тото коло.

За 10 јуни е закажан одложениот меч меѓу Арда и Лудогорец, а од 11 до 14 јуни ќе се играат и средбите од последното 26-то коло во регуларниот дел од сезоната. Потоа првенството треба да продолжи со тоа што првопласираните шест клуба ќе продолжат во плејофот и борбата за титулата, а останатите шест ќе играат во борба за опстанок.

Во Бугарија се планира и доигрување на мечевите од Купот, каде што прекинот се случи пред одигрување на полуфиналните дуели.

 

 

- Оглас -

Најнови вести