Фудбалска поддршка за ракометарите

Македонската фудбалска репрезентација годинава очекува да го исполни сонот – за првпат да се пласира на Европско првенство. Фудбалерите имаат реална шанса за такво нешто и за остварување на желбите потребни се две победи, и тоа против Косово и потоа во финалето на плејофот од Лигата на нациите.

И додека сме во исчекување на историското континентално фудбалско натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија не заборави да им даде поддршка на ракометарите.

Оставете ги настрана очекувањата, оставете го минатото и иднината, уживајте во моментот.
Можеби не сме фаворити како некогаш, но оваа репрезентација секогаш ја поддржуваме и за неа навиваме.
„Ајде Македонија!“, стои во пораката на фејсбук-сајтот на Фудбалската репрезентација на Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести