Фудбалска револуција во Англија, судиите ќе бидат опремени со камери

Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесе одлука од викендов судиите во пониските англиски лиги да бидат опремени со камери.

ФА соопшти дека засега оваа револуционерна идеја ќе ја тестира одреден период и доколку се покаже како успешна, ќе биде користена и во најсилните англиски лиги.

Целта на ФА е да се подобри однесувањето на фудбалерите и гледачите кон судиите.

Со камерите, судиите ќе бидат заштитени од навредите од фудбалерите, односно ќе се снимаат сите разговори на судиите меѓу себе, но и со играчите, тренерите.

Оваа револуционерна одлука на ФА доаѓа само неколку дена откако Би-би-си Радио 5 објави истражување во кое поголем број од фудбалските судии биле навредувани на фудбалските терени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести