Фудбалска трагедија ја потресе Јужна Кореја – Се самоуби фудбалер на Сеул

Фудбалска трагедија ја потресе Јужна Кореја откако 31-годишниот стопер Ким Нам-Чун си го одзел животот, а истрагата треба да открие кои се причините за ваквиот чин.

Ким беше еден од најдобрите фудбалери на прволигашот Сеул и столб на одбраната на тимот. Неговите соиграчи истакнаа дека не забележале никакви проблеми кај него, ниту знаци дека може да дојде до ваква трагедија.

Фудбалерот кој има 31 година сезонава одигра 22 натпревари за Сеул во К-лигата во Јужна Кореја, но не беше во составот на последните три меча.

Единствен клуб за кој настапуваше е Сеул, освен во сезоната 2017/18, кога служеше во армијата на Јужна Кореја и настапуваше за армискиот тим на Сангжу Сангму.

- Оглас -

Најнови вести