Фудбалски дуел во Јапонија што е вознемирувачки – Германски голман доживеа тешка повреда, за среќа сега е во стабилна состојба (Видео)

Германскиот голман Свенд Бродерсен, кој брани за јапонскиот клуб Јокохама ФЦ преживеа тежок директен судир со левото крило на Варен Нагасаки, Шунја Јонеда и иако има потрес на мозокот се наоѓа во стабилна состојба.

Јонеда без намера да го повреди Бродерсен се лизна при еден старт и падна врз 25-годишниот голман, кој потоа незгодно ја удри главата од земја и падна во бесознание.

Целата глетка беше вознемирувачка и беше јасно дека се работи за сериозна повреда, а благодарение на брзата реакција на медицинските лица, Бродерсен успеа да преживее и потоа беше пренесен во болница, каде е во стабилна ситуација.

Германскиот голман има 25 години и лани пристигна во Јокохама, клуб кој му е прв надвор од неговата земја, откако претходно шест сезони мина во Сент Паули.

Има брането за селекциите на Германија на возраст до 20 и до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести