Фудбалски циркус во Србија – Најкусиот меч во историјата траеше само пет секунди (Видео)

Врело Спорт и Спартак од Љиг во четвртата лига на Србија го одиграа најкусиот фудбалски меч на сите времиња, а траеше само пет секунди.

Гостите од Љиг допатуваа само со седиммина фудбалери, што е дозволен минимум за да се игра фудбалски натпревар, но само по пет секунди се повреди еден гостински играч и мечот експресно заврши.

Судијата немаше избор, а срамот пукна во колубарско-мачванската зона, ранг на натпревари што е четврти по степен во српскиот фудбал.

Според правилата, Врело Спорт треба да го добие мечот со службен резултат.

- Оглас -

Најнови вести