Фудбалскиот викинг се пензионира на 27 години, копачките ќе ги замени со рибарски чизми

Евен Остенсен донесе одлука со која ги изненади сите во норвешкиот фудбал, се пензионира на 27-годишна возраст и заминува да лови риба.

Фудбалерот на Викинг Ставангер вели дека немал повеќе мотивација да игра фудбал, иако имаше понуди да продолжи во сегашниот клуб или да се пресели во Алесунд.

Објави дека фудбалски ќе се пензионира и дека ќе биде рибар, во некоја од норвешките компании.

„Имав можност да играм фудбал уште долго, но немам мотивација. Некако полека исчезнуваше желбата кај мене, а и оддалечен сум од семејството, па одлучив да ја прекинам кариерата“, изјави Остенсен.

Играчот што успеа и да го освои пехарот во Норвешкиот куп со Викинг во сезоната 2018/19 сега ќе ги замени копачките со рибарски чизми и ќе му се врати на „занаетот“ што го знае од дете, рибарењето.

Тој е специјалист за ловење посебен вид риби во Норвешка што се налик на познатата ража и тоа ќе му биде идната професија откако му кажа збогум на фудбалот на 27-годишна возраст.

 

- Оглас -

Најнови вести