Фудбалските љубители добија нов омилен „голгетер“ (видео)

На социјалните мрежи кружи интересно видео кое ги придоби симпатиите на фудбалските љубители ширум светот.

Имено, на меч од аматерската лига во Чиле, на теренот истрча куче и во се најде на вистинско место, во вистински момент за да постигне гол.

Моментот се случи при еден центаршут од прекин, а кучето ја удри топката со глава и го смени правецот за да го насамари голманот и да ја затресе мрежата, предизвикувајќи еуфорија на трибините.

Некои пак се шегуваат велејќи дека кучето се најде во недозволена позиција.

- Оглас -

Најнови вести