Фуриозен финиш на Шпанија, на ред е дерби со Италија

Шпанија со многу мака го победи Иран со 73:65 во последниот меч од групата Ц и си закажа дерби-дуел во осминафиналето на Мундијалот во Кина против Италија.

Еден од фаворитите за златниот медал долго се мачеше против жилавиот противник, дури имаше и негатива во последниот период, но со фуриозен финиш и серија од 8:0 од нерешени 65:65 стигна до третата победа на Мундијалот.

Марк Гасол со 16 поени и шест скока беше лидер на победничкиот состав, а одлично одигра и Хуанчо Хернангомес со 11 поени и 10 скока.

Иран испадна со три порази, но денеска одигра одлично против Шпанците. Со 15 поени ги предводеше Џамшидијафарабади, а Ростампур постигна 13.

- Оглас -

Најнови вести