Фуриозен фото-финиш на Динамо, Адеми и Ристовски последни патници во Лигата на шампионите! (видео)

Динамо Загреб го фати последниот воз за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите откако на „Максимир“ триумфираше со 4-1 против Бодо/Глимт по продолженија, односно со вкупен резултат од 4-2 се најде меѓу фудбалската елита на Стариот Континент.

Два погодоци во последните минути од дополнителните 30 во режија на Дрмиќ и Бочкај беа доволни за Модрите да избегнат пенал-рулет и да го потврдат пласманот.

Дрмиќ најде празен простор да ја затресе небранетата мрежа на Бодо во 117-тата минута.

Гостите во моментот кога притискаа за ново спасување, Динамо искористи контранапад преку брзиот Дрмиќ, но топката некако стигна до Бочкај кој ја запечати судбината на Норвежаните за огромна радост во хрватската метропола.

Во регуларниот период, Орсиќ рано ја отвори средбата, а потоа во 35-тата минута Петковиќ изведе бравура и феноменални ножички со помош на асистенцијата на Ристовски.

Следуваше ладен туш за домаќините кога Гронбаек намали на 2-1 на 15 минути до крајот, но залудно Бодо се избори за продолженија.

Во останатите средби, Трабзонспор на Енис Барди испадна по ремито без голови против Копенхаген, Ренџерс со минимални 1-0 на гости кај ПСВ Ајндходен исто така се пласира во групите од ЛШ за новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести