Фуриозно второ полувреме на Ц. Звезда, настрада Будуќност во Белград

Црвена Звезда одигра фуриозно второ полувреме и води со 1:0 во финалната серија во АБА лигата против Будуќност. Белграѓани пред својата публика го декласираа гостинот со 91:72, а разликата ја направија во второто полувреме. На полувремето беше само три поени разлика, а потоа тргна фуријата во „црвено-бели“ дресови.

Третиот период беше клучен за исходот на првиот меч, а носени од публиката домаќините направија предност од 10 разлика, 20:10 и мирно потоа го приведоа мечот докрај.

Берон беше најефикасен кај домаќините и постигна 19 поени, а двоцифрен учинок имаше и Добриќ со 12 поени. Кај гостите од Подгорица Норис Кол беше најдобар и постигна 18 поени.

Финалната серија за шампион во АБА лигата се игра до три добиени мечеви.

- Оглас -

Најнови вести