Габон имаше „100 животи“ ама Буркина Фасо на крајот се радуваше по големата драма

Буркина Фасо се пласираше во четврт-финалето на Африканскиот куп на нации, откако по голема драма и изведување на пенали го совладаа Габон.

Тие по подобро изведување на пенали (7:6) на крајот се радуваа на пласман, откако за прв пат се пласираа на ова натпреварување по 2017 година.

А сето тоа можеше да биде решено и во 90-те минути, но играчите на Габон покажаа голема борба.

Најпрвин Бертранд Траоре промаши пенал за Буркина Фасо во 18-та, за потоа истиот играч да погоди во 29-та минута за голема радост. Арон Боунпенза за момент израмни на 1:1, но, неговиот гол пред крајот на полувремето беше поништен со одлука на ВАР.

Дополнителен удар за Габон беше и црвениот картон на Сиднеј Обиса, но тоа не ги поколеба да се борат за израмнување и тоа дојде во 91-та минута.

Во продолженијата се играше без погодок па се шутираа пенали, каде што Буркина Фасо дури по третиот промашен пенал на Габон успеа да дојде до победата а стрелец на пеналот вреден четврт-финале беше Исмаиха Оудреаго.

Во наредната фаза, оваа селекција ќе игра против подобриот од средбата меѓу Нигерија и Тунис која се игра во овие моменти.

- Оглас -

Најнови вести