Габриел Жесус му се извини на Динамо Загреб

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, кој со три гола ги урна соништата на Динамо Загреб, после натпреварот им се извини на противниците за првиот погодок кој го постигна додека двајца фудбалери на хрватскиот првак лежеа на тревата.

Иако не покажа дека не било ништо спорно, сепак Габриел после мечот им се извини на домаќините што не постапил фер.

„Не видов дека има играчи кои лежат на теренот бидејќи бев свртен со грб. Сакам да им се извинам за тоа што не видов“, рече Жесус, но тоа е слаба утеха за Модрите кои испаднаа.

Најжестоко по голот на Габрие реагираше Аријан Адеми, па судијата му покажа жолт картон на македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести