Галата не го сочува сарајот, Бриж е поблиску до Европа Лигата (Видео)

Галатасарај прими гол во последните моменти од мечот со Бриж и ремито 1:1 го оддалечува од настап во Европа Лигата, а резултатот потполно му одговара на најтрофејниот клуб Реал Мадрид.

Турскиот состав водеше од 11. минута со голот на Бујук и ја имаше предноста до 92. минута кога Дијата израмни на 1:1 и го доближи Бриж до настап во Европа Лигата.

Галата на едно коло до крајот на фазата по групи во Лигата на шампионите има два бода, еден помалку од Бриж, а сега е јасно дека од А групата ПСЖ и Реал Мадрид одат понатаму без разлика на исходот на нивниот меѓусебен меч, вечерва од 21 часот.

Во меч од Д групата Баер ја победи Локомотив во Москва со 2:0 и остана во игра за продолжување на настапот во Лигата на шампионите.

Жемалетдинов со автогол во 11. минута и Бендер со погодок во 54. минута ја скроија судбината на мечот, а Баер сега има шест бода, еден помалку од Атлетико Мадрид, но и меч повеќе. Јувентус е лидер со 10 бода и сигурно ќе игра во нокаут фазата во ЛШ.

Локомотив е последна со три бода и испадна од настапот во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести