Галатасарај денеска ја почнува својата „луда“ недела

На еден од најтрофејните турски фудбалски клубови, Галатасарај, целата сезона ќе му биде одлучена во четири дена. Може да дојдат до двојна круна, а може да останат и со празни раце. Вечерва екипата на тренерот Фатих Терим игра со Акхисар во финалето на Купот на Турција, а веќе в недела на свој терен игра дерби со Башакшехир и ако победи, ќе стане шампион на својата земја.

Галатасарај е голем фаворит против Акхисар, кој е последен во турската Суперлига и иако на прв поглед средбата делува нерамноправна, во финалињата никогаш не се знае однапред што ќе се случи и кој ќе биде помотивиран. Финалето на турскиот куп се игра на убавиот нов стадион во Сивас и може за почеток за една славеничка недела за „црвено-жолтите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести