Галатасарај има ново засилување, жена му може да ја засени Ванда Икарди (Фото)

Германецот со турско потекло Керем Демирбај денеска официјално го стави својот потпис на договорот со Галатасарај.

Искусниот Демирбај, кој досега целата кариера ја играше во германски клубови и роден е во Германија, по настапите за младите селекции на Турција има два настапи за А тимот на Германија, а во Галатасарај доаѓа од Баер Леверкузен за 3,7 милиони евра. Во минатата сезона во Бундеслигата, Демирбај имаше четири гола и три асистенции.

Договорот со турскиот првак му е на три години, а во секоја сезона Демирбај ќе заработува по еден милион евра.

Тој синоќа од трибините го гледаше мечот на Галатасарај против Жалгирис од квалификациите за Лигата на шампионите. До него седеше сопругата Мелина, за која веднаш се заинтересираа турските медиуми. Таа го придружуваше и денеска за време на церемонијата на потпишување на договорот.

Најпопуларна сопруга кај фановите на Галатасарај е Ванда на Мауро Икарди, но и Мелина на Демирбај како пријатно изненадување ги собра погледите на љубопитните навивачи, особено што не е позната како Ванда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести