Напаѓачот на Галатасарај и нигериската репрезентација, Виктор Осимен, ја скрши десната рака за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул, соопшти турскиот клуб.
Осимен се повредил во првото полувреме на „Енфилд“, останал на теренот до паузата и покрај видливите болки, но по одморот не можел да продолжи поради сомнеж за скршеница.
„По натпреварот, болничките прегледи, под надзор на нашиот медицински тим потврдија скршеница на десната подлактица и му е ставен гипс. Одлуката за евентуална операција ќе биде донесена во наредните денови, по дополнителни прегледи“, соопштија од Галатасарај.
Покрај Осимен, турскиот клуб се соочи уште со една сериозна повреда. И холандскиот фудбалер Ноа Ланг се здобил со тешка повреда на прстот. Во 76-тата минута од натпреварот удри во рекламно пано, по што веднаш се фатил за раката.
Од клубот информираа дека Ланг има сериозна расекотина на десниот палец. Тој останал во Англија, каде што успешно бил опериран.
Ливерпул по поразот од 1-0 на првиот натпревар во реваншот на домашен терен славеше убедливо со 4-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со Пари Сен Жермен.

