Галатасарај подготвува зимска трансфер-бомба, ќе избира меѓу Елмас и Брозовиќ

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во зимскиот преоден рок би можело да го напушти Наполи и вториот дел од сезоната да го игра во Галатасарај, пишува весникот „Милијет“.

Елмас е незадоволен од статусот во Наполи, каде што повеќе време поминува на клупата за резервни играчи отколку на теренот, па постои голема можност претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, да му дозволи на Дијамантот вториот дел од сезоната да го помине во редовите на турскиот шампион.

 

Според „Милијет“, Галатасарај е подготвен во целост да ги преземе обврските на Наполи околу платата на Елмас и воедно на италијанскиот тим да му исплати одредена отштета.

Елмас не е единствено име во листата на желби на тренерот Окан Бурук, на неа се наоѓа и хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ, кој настапува во Ал-Наср заедно со Кристијано Роналдо.

Според турскиот „Аспор“, Галатасарај ја разгледува можноста да го донесе Брозовиќ на шестмесечна позајмица. Одлуката по чиј потпис од двајцата фудбалери, на Елмас или на Брозовиќ, ќе се тргне, тренерот Бурук ќе ја донесе деновиве.

- Оглас -

Најнови вести