Галатасарај славеше во големото турско дерби и најави неизвесна шампионска трка (видео)

Галатасарај со минималните 1-0 на гостувањето кај лутиот ривал Фенербахче оствари многу важна победа за преземање на врвот на табелата во турската Суперлига.

Со петтиот триумф во низа, Галата се израмни токму со денешниот ривал на првата позиција и со сигурност до крајот на сезоната ќе се води неизвесна битка за шампионската титула.

Мустафа Мухамед во 54-тата минута го постигна единствениот гол на „Шукру Сарачоглу“ стадионот. Домаќините најдоа начин како да ја затресат мрежата на Муслера, меѓутоа голот кој го реализира Туфан во 75-тата минута се поништи поради офсајд позиција.

https://twitter.com/goalkajuv3/status/1358102317850066944

Галата и Фенер го делат првото место со по 48 бода, зад нив со три бода помалку ги следи Бешикташ, што значи дека титулата дефинитивно ќе заврши во Истанбул, само ќе се чека кој од овие три ривали ќе му се радува на престижниот пехар.

- Оглас -

Најнови вести