Галатасарај загуби од третолигаш, па Терим дивееше по мечот

Тренерот Фатих Терим по поразот од 0-2 во куп-мечот од третолигашот Тузласпор, и тоа во Истанбул, рече дека неговите фудбалери како да не сакаат да го носат дресот на Галатасарај.

„Очекував подобра игра, играчите како да не сакаа да го носат дресот на Галатасарај, одвај чекаа да поминат 90-те минути. Се однесуваа како да ме мразат што им реков дека треба да играат. Најдобар беше најмладиот, Емин Бајрам. Утнавме многу шанси. Ќе видиме што ќе се случува на реваншот“, изјави Терим, кој за време на мечот не знаеше што да направи покрај аут-линијата, се обидуваше да ги разбуди своите ирачи, но неуспешно.

И навивачите на Галата овој пораз го нарекоа голем срам, плукаат по играчите, но и Терим на социјалните мрежи, па останува да се види реакцијата. Реваншот е на 17 декември.

- Оглас -

Најнови вести