Галебите имаат конкретен предлог – 100 илјади бесплатни влезници за хероите во битката со вирусот

Премиерлигашот Брајтон покрена иницијатива за убав подарок како гест за благодарност кон здравствените работници во Англија, кои се хероите во битката против Коранавирусот, а целта е да им се подарат најмалку 100 илјади бесплатни влезници за фудбалските натпревари.

Нивниот ривал од Премиер лигата, Борнмут, веќе ја прифати фрлената ракавица и објави дека ќе обезбеди најмалку илјада билети за медицинскиот персонал што е во фокусот во моментов на сите жаришта во битката со опасниот вирус.

„Фудбалот во моментов не ни е во мислите, но иницијативата е прекрасна и веднаш ја прифативме. Доволно е сите клубови во Велика Британија да одвојат во просек по илјада влезници за да им се заблагодариме на симболичен начин на модерните херои во битката со Коронавирусот. Верувам дека и Англија, Шкотска, Република Ирска и Северна Ирска ќе обезбедат и билети за натпреварите на националните селекции. Знаеме дека е ова симболичен гест, но сакаме да ја поздравиме иницијативата на Брајтон“, вели Џеф Мостин, првиот човек на Борнмут.

Иницијативата на Пол Барбер, кој е извршен директор на популарните Gалеби од Брајтон, е одлична и веќе е најавено и од останатите клубови дека ќе ѝ се приклучат.

- Оглас -

Најнови вести