Галските петли слават титула и јубилеј – Во регуларен дел никој не ги победи 25 меча по ред, последни мерка им земаа Турците

Франција освои нова вредна титула и на светската круна, вечерва ја додаде и титулата во Лигата на Нации и стаса до јубилејниот 25-ти меч без пораз во регуларен дел.

Галските петли славеа со нов пресврт со 2:1 против Шпанија, а јунаци беа Бензема, кој израмни на 1:1 со фантастичен гол и Мбапе, кој на мајсторски начин за милиметри избегна офсајд и погоди за триумф од 2:1.

Интересно е што Франција нема пораз во регуларен дел на 25 меча по ред, иако губеше на пенали, па вечерва прославија и нов пехар и убав јубилеј.

Актуелните светски прваци последен пат загубија од Турција со 2:0 на 8. јуни во 2019 година во Коња.

Франција има пораз во тој циклус од 25 меча, но на пријателски меч против Финска лани во ноември, но ако се сметаат официјални натпревари серијата е јубилејна.

Интересно е што беа елиминирани од Швајцарија на Европското првенство ова лето, но и тогаш тоа беше на пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши нерешено 3:3.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести