Галтие доби отказ од ПСЖ, но сега може да седне на клупата на клуб од Саудиска Арабија

Кристоф Галтие и ПСЖ официјално ја прекинаа соработката после само една сезона. Французинот сега е слободен агент и може да си бара нов клуб за следната сезона, а веќе пристигна една понуда на негова адреса.

Клубот од Саудиска Арабија, Ал-Шабаб, сака Галтие да седне на нивната клупа, а тренерот е расположен за таков предизвик. Во моментов не се познати деталите од понудата, односно колку би заработил тренерот доколку се пресели во Саудиска Арабија, но сигурно ќе биде многу повеќе од тоа што го заработуваше во ПСЖ.

57-годишниот Галтие во својата тренерска кариера, освен ПСЖ, ги има водено и екипите на Сент Етјен, Лил и Ница. Доколку се одлучи да продолжи во Ал-Шабаб, тоа за него ќе биде прв интернационален предизвик како тренер, бидејќи како фудбалер освен во Франција, има настапувано и во Италија и Кина.

- Оглас -

Најнови вести