Гамба Осака ќе освои барем бод против Јеонбук

5192 Раџа Казабланка – ЖС Кабили (21.00 часот)

Ова е финале на африканскиот куп на конфедерации, натпреварување второ по квалитет, како што на Стариот континент е Лига Европа. Се игра само еден меч на неутрален терен, мароканскиот и алжирскиот тим за трофејот ќе се борат во Бенин. Раџа Казабланка игра многу лошо во домашното првенство, но тоа може и да залаже, бидејќи се чуваат за ова финале. Мароканците во полуфиналето победија со само еден постигнат гол (0-0 и 1-0), додека Алжирците беа поубедливи и победуваа со 2-1 и 3-0. Последните три меѓусебни дуели на овие тимови заврпија со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.60)

 

5728 Јеонбук – Гамба Осака (16.00 часот)

Корејскиот и јапонскиот тим засега не знаат за пораз во групната фаза од азиската Лига на шампиони. Првиот нивен дуел на 28-ми јуни заврши со 2-2. Повторно ќе се игра на неутрален терен во Ташкент во Узбекистан. Јеонбук го има обезбедено првото место, на едно коло до крајот има четири бода пред Осака, на Јапонците им треба победа или реми за да бидат меѓу најуспешните второпласирани и да одат во следната фаза.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.12)

 

4247 Палмеирас – Сантош (21.30 часот)

Иако репрезентацијата на Бразил доцна вечерва игра финале на Копа Америка, нема пауза во бразилската Серија А. Ова е градско дерби на два славни тима од Сао Пауло. Палмеирас е лидер на табелата после десет одиграни кола, па важи за фаворит против Сантош кој е на седма позиција во моментов. Палмеирас има четири победи по ред. Двата тима се некомплетни, имаат повредени играчи, а кај Палмеирас ќе фалат и двајца репрезетативци кои се со Кариоките на Копа Америка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

2439 Клуж – Универзитатеа Крајова (19.00 часот)

Романскиот суперкуп дуел е најава за новата клупска сезона во оваа балканска земја. Мечот ќе се игра на неутрален терен, на националната арена во Букурешт. Во подготвителниот период, Клуж имаше четири контролни мечеви со 0-2 гола, но кога дојде официјалниот меч, против Борац Бања Лука во квалификациите за ЛШ, победија со 3-1. Универзитатеа последната контрола ја имаше пред една недела, кога загубија од Олимпијакос со 0-2. На последните седум меѓусебни дуели, никогаш не победил домашниот тим, а овојпат двете екипи практично се гости.

Предлог тип: & 1-3 (1.99)

 

7036 Ешли Барти – Каролина Плишкова (15.00 часот)

Финалето на женскиот дел од Вимблдон ќе го играат првата (Барти) и 13-тата носителка (Плишкова). Австралиската тенисерка загуби сет само во првото коло, а потоа ги прегази сите ривалки. Чехинката само во полуфиналето против четвртата носителка Сабаленка играше три сета. Плишкова ја совлада Барти на САД опен во 2018 година, а од тогаш, сите три меѓусебни дуели ги доби Барти. Годинава се сретнаа еднаш, во април во Штутгарт, и победи Барти со 2-1, но тоа беше меч на земјена подлога. Никогаш не играле една против друга на Вимблдон.

Предлог тип: <21.5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести