„Гардијан“ објави листа на 100 најдобри фудбалери во 2022 година: Меси е прв, а Роналдо го нема меѓу првите 50

Англискиот весник „Гардијан“ ја објави традиционалната листа на најдобри фудбалери за минатата година и немаше дилеми дека Лионел Меси беше најдобар.

Меси во декември минатата година конечно го освои трофејот што му недостасуваше во трофејната колекција, со Аргентина стана светски шампион, а фудбалерот на ПСЖ беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

„По слабата 2021/22 сезона, која му беше прва во ПСЖ, никој не знаеше што да очекува од Меси на Светското првенство. Меѓутоа, тој во новата сезона се појави максимално подготвен и играше во неверојатна форма. Само на четири натпревари во Лига 1 не даде гол или немаше асистенција, а на СП во Катар ја предводеше Аргентина до титулата, прва за Гаучосите од 1986 година. Меси ја предводеше Аргентина постигнувајќи седум гола, од кои два во финалето“, пишува „Гардијан“ за Меси.

Зад Меси, се најдоа Французите Килијан Мбапе и Карим Бензема. Мбапе беше најдобар стрелец на СП во Катар, додека Бензема со Реал Мадрид триумфира во Лигата на шампионите и во Ла Лига. Четврти е Ерлинг Халанд, а петти капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, кој и на 37 години игра фантастично.

Во топ 10 на ллистата на најдобри фудбалери на „Гардијан“ се наоѓаат и Кевин де Бројне, Роберт Левандовски, Винисиус Жуниор, Тибо Куртоа и Мохамед Салах.

Интересно е што Кристијано Роналдо го нема меѓу најдобрите 50-мина фудбалери, Португалецот е сместен на 51-вото место.

„На сите добри работи мора да им дојде крајот, па и 2022 беше годината во која Кристијано Роналдо за првпат испадна од топ 10 откако беше воведена оваа ранг-листа во 2012 година. Двојниот победник во изборот на најдобри фудбалери на „Гардијан“, сега падна на 51-вото место“, пишува, меѓу другото, весникот.

- Оглас -

Најнови вести