Гатузо бесен: Ова не е нормално, активно се играа само 16-17 минути

Џенаро Гатузо се наоѓа под притисок дека може да добие отказ во Наполи откако италијанскиот тим беше елиминиран во Лигата на Европа. Иако Наполи беше фаворит пред двомечот со Гранада, Шпанците на крајот, по 180 минути игра, се радуваа на вкупна победа од 3:2.

Наполи синоќа со 2:1 славеше на свој терен, но тоа не беше доволно да се анулира негативата од 0:2 по првиот дуел. Гатузо по мечот беше многу лут на фактот дека гостите постојано лежеле на теренот и задржувале време без да има активна игра.

„Дозволете да ви објаснам како изгледа тоа. Во првото полувреме имавме само 16-17 минути активна игра. Тоа не е нормално. А потоа ќе речат дека Италијанците биле тие кои лежеле на терен. Ако ова го направеше една од нашите екипи, ќе нѐ ставеа на столбот на срамот. Ќе бевме на сите насловни стрнаници во Европа“, луто коментираше Гатузо.

По оваа елиминација од Лигата на Европа, Гатузо е пред отказ, а како негов наследник веќе се споменува поранешниот тренер на Наполитанците, Рафаел Бенитес.

 

- Оглас -

Најнови вести