Гатузо: Еден ден ќе ми прснат крвни садови од толку лутина

Наполи со помош на автоголот на Браут триумфираше со 2-1 на гостувањето кај Риека, но тренерот Џенаро Гатузо воопшто не беше задоволен од настапот на својата екипа, особено во првиот дел од мечот.

Гатузо добро ја анализирал играта на хрватскиот состав и им дал прецизни инструкции на своите играчи, но и покрај тоа, Риека успеа во дел од мечот да ја наметне својата игра, па домаќините имаа водство од 1-0 речиси цело полувреме, пред израмнувачкиот гол на Деме.

„Еден ден ќе ми пукнат крвни садови од толку лутина. Точно знаев како ќе игра Риека, играчите добија прецизни инструкции, но и покрај тоа тие направија грешки онаку каде што не смееја. Многу бев лут, однесувањето на моите играчи во еден момент ми се чинеше како да се дојдени на екскурзија. Очигледно јас сум виновен што не успеав да им влезам во главите и да ги натерам да бидат сконцентрирани цели 90 минути. Среќата овојпат беше на наша страна, но ако и во иднина играме како вчера, против поквалитетни противници, ќе страдаме“, истакна Гатузо.

Елиф Елмас беше стартер на средбата и го одигра само првото полувреме во македонскиот дуел против Дарко Велковски.

- Оглас -

Најнови вести