Гатузо ги уништува и Наполи и Елмас

Џенаро Гатузо беше најавуван како тренер кој треба да го извади Наполи од криза и да го врати тимот во трка за врвот во Серија А. Сепак, наместо тоа, Наполи реди порази. Наполитанците вечерва загубија на свој терен со 0:2 од Фиорентина и паднаа на 12 место на табелата.

Откако е Гатузо дојден во Наполи, екипата има четири порази во пет средби во Серија А. Единствената победа ја забележа на гости кај Сасуоло со 2:1 и тоа најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. На тој меч Елмас влезе како резерва во 70 минута и беше најзаслужен за автоголот на Сасуоло во 94 минута, затоа што ако домашниот дефанзивец не пробаше да ја шутне топката, Елмас сигурно ќе погодеше.

Освен таа победа, Гатузо и Наполи губеа дома од Парма (1:2) и Интер (1:3), како и од Лацио со 1:0. По доаѓањето на Гатузо, Елмас речиси постојано е на клупата за резерви и не игра, а токму на мечот кога доби шанса, Наполи победи. Едноставно Гатузо направи растур систем во Наполи, а и на македонскиот репрезентативец не му дозволува да напредува.

- Оглас -

Најнови вести