Гатузо има проблем со озлогласена италијанска мафија, ќе го сели семејството во странство

Италијанските медиуми објавија шокантни информации дека некогашниот фудбалер, а сега тренер Џенаро Гатузо преживува вистинска драма и со месеци добива закани од припадници на озлогласената мафијашка група „Ндрангета“, која е формирана на југот на Италија, во областа Калабрија, кон крајот на 19-тиот век.

Оваа мафијашка организација сее страв низ Италија, локалната полиција не направила ништо на почетокот откако семејството на Гатузо пријавило дека имаат закани со смрт. Актуелниот тренер на Олимпик Марсеј е загрижен за безбедноста и планира најблиските да ги пресели надвор од Италија.

Проблемите почнале кога таткото и сестрата на Гатузо планирале поставување на фотопанели на семеен имот и за проектот добиле 80.000 долари. Мафијата дознала за тоа и им побарала 3.000 евра за „заштита“. Во меѓувреме, за да ги заплашат, двапати го палеле автомобилот на сестрата на Џенаро Гатузо, Ида.

Гатузо пред еден месец им ја платил сумата која ја барале, но се плаши за животот и верува дека полицијата ќе ги заштити.

- Оглас -

Најнови вести