Гатузо избегна суспензија, ќе го води Милан во градското дерби

Џенаро Гатузо се спаси од суспензија и ќе може да го води својот Милан во претстојното градско дерби против Интер. Предводникот на „росонерите“ беше исклучен во првото полувреме на мечот против Киево (2-1) откако се „зафати“ со еден фудбалер од противничката екипа.

На Рино му се закануваше суспензија од еден меч, но темпераментниот стратег мина само со парична казна од 15.000 евра.

Неговиот колега Џанпјеро Гасперини од Аталанта за слични причини не помина толку лесно, тој доби еден натпревар суспензија и исто така 15.000 евра парична казна за расправија со секретарот на Сампдорија.

Mиланското дерби е предвидено за во недела, со почеток од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести