Гатузо не си даде оставка, туку ги нападна судиите и гостите од Гранада

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, беше разочаран што неговиот тим беше елиминиран од Лигата на Европа, и тоа на стадионот „Диего Марадона“ од Гранада, која е дебитант во европските купови, но популарниот Рино иако прифати дека вината за поразот е негова, „удри“ по судиите и по противникот.

„Примивме апсурден гол само од еден нивен шут и потоа Гранада не направи апсолутно ништо. По секој фаул лежеа по три минути и потоа ќе кажат Италијанците лежеле на терен. Ако некоја наша екипа ова го направеше, ќе бевме на сите насловни страници во Европа. Мислам дека судиите немаат почит за италијанските клубови. Јас сум највиновен за елиминацијата и ако некој треба да плати, нека бидам јас“, рече Гатузо, кому сериозно му се тресе фотелјата во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести