Гатузо е тивок како јагне во Наполи, може да стане Волк во Премиер лигата

Џенаро Гатузо е во непријатна ситуација во Наполи и секој меч му е да се биде или не, но и да добие отказ, како што се најавува веќе подолго време, веќе има нов ангажман на повидок.

Резултатите со Наполи сезонава му се скромни, тимот е шестопласиран во Серија А и испадна и во Лигата на Европа и во Копа Италија, но заинтересирани се Волците од Вулверхемптон.

И тие немаа добра сезона, па се најавува разделба со тренерот Нуно Еспирито Санто, кој има договор до 2023 година, но може да си замине ова лето ако драстично не ги подорби резултатите на премиерлигашот.

Англиските медиуми веќе најавуваат дека Гатузо е топ кандидат како наследник на Санто на клупата на Вулверхемптон, а смената би требало да се случи ова лето, по завршувањето на сезоната во Серија А и во Премиер лигата.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести