Гатузо никому не дава попуст, Наполи го оддалечи Милан од титулата (Видео)

Милан загуби дома од Наполи со 0-1, и останува на девет бода негатива во однос на лидерот Интер. Триумфот на Наполи ги израдува неговите, но и фановите на Интер и Јувентус (еден бод помалку од Милан, но и еден меч помалку).

Матео Политано кој за наполитанците игра како позајмен од Интер, беше стрелец на голот за Наполи, и му помогна на својот Интер да се доближи до Скудетото, иако има уште големи 11 кола до крајот на сезоната.

Елиф Елмас ги играше пооследните 15 минути, откако влезе на местото на Полјакот Зјелински кој беше асистент на голот вреден три бода. Наполи е петти и ја продолжува трката за место во Европа.

https://twitter.com/i/status/1371204091230228481

- Оглас -

Најнови вести