Гатузо ја одбил Џенова, но Пандев наскоро добива нов тренер

Давиде Балардини нема уште долго да биде тренер на Џенова, но клубот уште нема најдено негова замена. Прв пик на управата на клубот за кој игра Горан Пандев, бил Џенаро Гатузо, екс тренер на Елиф Елмас во Наполи, но популарниот Рино ја одбил понудата, плашејќи се од предизвикот да го спаси тимот од испаѓање од Серија А.

Откако Гатузо одбил, во Џенова наводно размислуваат да го вратат Роландо Маран, со кого и така имаат валиден договор кој му го отплаќаат после отказот кој му го дадоа. Балардини ќе ја води Џенова и на следните меч или два, и ако нема победа, сигурно ќе треба да си оди, но се чини дека колку повеќе се одложува разделбата со него, ситуацијата може да стане само полоша.

- Оглас -

Најнови вести