Гатузо останува тренер на Наполи до јуни, големите одлуки ќе се носат налето

Џенаро Гатузо е жестоко критикуван од фановите на Наполи, критиките и барањата за негова смена се засилија по поразот од Аталанта во Купот на Италија, а иако се шпекулираше дека дуелот со разиграниот Јувентус може да му биде последен во случај на пораз, од Апенинскиот Полуостров доаѓаат поинакви сигнали.

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, будно ја следи ситуацијата околу Гатузо, има и свои фаворити за негов наследник, но најверојатно ќе му даде шанса на популарниот Рино да остане на клупата до крајот на сезоната, а потоа да донесе дефинитивна одлука дали да се разделат.

И македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е засегнат од ова прашање. Тој од Гатузо не ја добива шансата која ја заслужува, па и Елмас можеби летово ќе треба или да се пресели или да се докажува кај нов тренер.

- Оглас -

Најнови вести