Гатузо: Против Барселона ќе биде тешко како да треба да го искачиме Монт Еверест

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со својот Наполи утревечер ќе има тешка мисија, да се обиде да ја елиминира Барселона на „Камп Ноу“. Наполи одигра 1:1 на првиот меч во Неапол и сега треба да брка реми во меч на кој ќе дада барем два гола, или да слави во каталонската престолнина.

Првиот меч се игра на 25 февруари што значи дека поминаа речиси пет и пол месеци, за да дочекаат да го одиграат и реваншот. За Барселона ова ќе биде последна шанса да се обиде да освои трофеј сезонава. Многумина велат дека каталонскиот гигант е во криза, но Гатузо не се сложува со тоа.

„Точно е дека уште ништо немаат освоено сезонава, но тоа ќе им даде дополнителна сила. Тие се навикнати да победуваат, тоа е во нивниот ментален склоп. Пред нас е мислија како да треба да се искачиме на Монт Еверест. Во последните неколку месеци слушав многу смешки, како тоа дека Барселона е во лоша форма. Секогаш е уживање да се гледа тим како Барселона“, вели Гатузо.

Главен проблем за Наполи е дали ќе може да игра Лоренцо Инсиње. Гатузо вели дека самиот играч треба да каже дали ќе биде подготвен 100 отсто за мечот. Доколку биде 100 отсто подготвен, Инсиње ќе игра, а во спротивно се очекува стартер да биде токму нашиот Елмас.

 

- Оглас -

Најнови вести