Гатузо сака во Валенсија да тренира син на легенда на Милан

Новиот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо, барал клубот да го ангажира напаѓачот Тимоти Веа од Лил.

Според информациите од Италија, ексцентричниот Гатузо бара во Валенсија да дојде напаѓач сличен на Виктор Осимен од Наполи. Лилјаците веќе почнале преговори со Лил за позајмица на Веа со опција за откуп по завршување на сезоната.

Во минатата сезона, американскиот репрезентативец имаше 3 гола и 4 асистенции во француската Лига 1. Тимоти Веа е син на некогашниот освојувач на Златната топка, Џорџ Веа, кој сега е претседател на африканската држава Либерија.

- Оглас -

Најнови вести